Monday, April 11, 2011

Судии, судии...

Шпанскиот Фудбалски Сојуз и УЕФА ги делегираа судиите кои ќе судат на следните три меча на Реал Мадрид, кои можат да бидат од големо значење за остатокот на сезоната.

На првиот натпревар кој следува, во Лондон против Тотенхем, ќе суди Никола Рицоли. Триесет и девет годишниот Италјанец досега има судено еден натпревар на Реал Мадрид и тоа ланскиот реванш против Олимпик Лион, кој заврши со резултат 1-1 и знаеме каков епилог...

На лигашкото Ел Класико, правдата ќе ја дели Муњиз Фернанедез, кој судеше на гостувањето во Памплона каде Реал загуби од Осасуна со 1-0. На тој натпревар Фенрандез додели дури 11 жолти картони.

Финалето во Копа дел Реј пак, ќе го суди добро познатиот Ундиано Маленко. Toj ја делеше правдата на реваншот од куп-мечот со Севиља на кој Реал Мадрид победи со 0-1. Во свежо сеќавање за овој судија, сигурно ви е мечот од четврт финалето на ЛШ, меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.

Wednesday, April 6, 2011

Мурињо: Го заслуживме ова!

Кога реков дека 0-0 не мислев дека тоа е резултато на кој одиме. Од самиот старт ги притиснавме и покажавме дека одиме на победа, голот дојде многу брзо и тоа беше одличен старт. Во второто полувреме игравме уште подобро, напаѓавме цело време и не им дозволивме да ни се заканат. Игравме одлично со топката и го заслуживме ова.

Судијата го направи тоа што мораше, Крауч мораше подобро да се исконтролира себеси после првиот жолт картон. Натпреварот можеше да оди во сосема друга насока доколку тој останеше на теронот. Но никој не смее да ги критикува Тотенхем што се бранеа после тоа. Да играш десет против единеасет во вакво натпреварување и да се браниш е сосема нормално. Го знам размислувањето на англиските тимови. Сеуште ништо не е готово, иако имаме огромна предност. Мораме да играме внимателно и во Лондон, Тотенхем се талентиран и опасен тим, нема да се предадат сеуште.

Реков дека е важно да се имаат три напаѓачи во тимот, и гледате зошто е така. Со повреден Бензема имавме еден напаѓач на теренот и еден на клупа. Среќен сум и задоволен од сите тројца. Сите се различни и можат да допринесат за тимот, тоа го видовме денеска. На некои натпревари мора да се ризикува, ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со Роналдо, но мислам дека ќе биде добро. Враќањето на Кака ќе допринесе многу, а Игуаин уште повеќе. Многу е полесно кога во тимот имаш уште еден играч кој знае да дава голови.

Tuesday, April 5, 2011

Мурињо: Мора да се фокусираме само на Тотенхем

„Ова е меч во кој сите сакаат да играат, но за жал неколку не се во можност да го сторат тоа. Лигата на Шампионите е најсилното натпреварување во светот, а фактот дека Реал Мадрид игра четврт-финале после неколку години, го прави уште попосебен меч во кој сите се мотивирани.“

„Секој меч е важен, така и овој. И во овој мора да влеземе максимално посветени. Нерешен резултат дома во првиот меч, особено 0-0 не е лош резултат. Напротив, тоа е сосема добар почеток. Но не значи дека ние ќе играме така дома. Бензема не ни тренираше со нас, но другите го даваат максимумот.„

„Реднап ми е пријател, а пријателите за своите пријатели кажуваат само добри работи. Впрочем, не треба многу да го фалам Хери, вие го гледате неговиот успех. Му посакувам да стигне до финалето, но секако ако јас не успеам. Бев еден од првите кои кажаа дека Бејл ќе биде одличен играч. Но сеуште не е комплетен, има фантастични карактеристики но треба да учи и да созрее.“

Sunday, April 3, 2011

Игуаин: Среќен сум што се вратив

Лошо е што загубивме вечерва, имавме толку многу шанси да останеме во битката за титулата. Но ништо не е готово, ќе играме до последното коло со сите сили, Реал Мадрид никогаш не треба да го сметате за отпишан.

Среќен сум на персонален план, многу луѓе мислеа дека сезоната е завршена за мене, но успеав, покажав дека не треба да се откажувате во животот. Не беше предизвик или натпревар против некого, но задоволен сум и се чуствував удобно на теренот по толку време. Ќе бев на седмо небо ако успеав да постигнам гол по првиот допир со топката. Сакав да шутнам десно, но после толкаво отсуство топката не секогаш те слуша, ударот испадна лош. Не е лесно да се вратиш после таква операција. Да играш фудбал повторно, да го облечеш белиот дрес и да играш на овој стадион е најубавото чувство на светот.

Клучот за моето брзо опоравување беше самодовербата и неоткажувањето од себеси. За тоа морам да им се заблагодарам и на семејството, пријателите, соиграчите, тренерот, клубот.  Сега сум здрав, и спремен сум да му помогнам на клубот. Се надевам дека ќе ги направиме фановите среќни.

Saturday, April 2, 2011

19 години од смртта на Хуанито

Денеска, на 2 април, се навршуваат деветнаесет години од смртта на една од легендарните „седмици“ на Реал.

 Juan Gomez 'Juanito' загина во сообраќајна несреќа, на 2 април 1992 година. Веднаш по завршувањето на натпреварот Реал Мадрид - Торино, Хуанито заедно со неговиот фитнес тренер имаа судар со камион на автопатот крај Толедо, кој заврши фатално.

Хуанито помина десет сезони во белиот дрес, во кој постигна 153 гола на 401 натпревар. Пет пати ја освои ЛаЛига и два пати Кралскиот Куп. Во сезоната 1983/84 беше и најдобар стрелец во лигата.

Традиционално, фановите, на Сантиаго Бернабе ќе му оддадат почест во седмата минута од натпреварот. Illa illa illa, Juanito Maravilla

Friday, April 1, 2011

Aрбелоа: Ќе биде тешко против Тотенхем

Алваро Арбелоа со интервју за британскиот весник Гардиан, зборува за неговиот престој во Ливерпул, за ждрепката, за работите кои ги сака.

П. Реал Мадрид - Тотенхем, што мислите за ждрепката ?
А.А. Па искрено, посакував англиски тим, тоа им го кажав и на соиграчите пред ждрепката. Бев среќен откако ни се падна Тотенхем, веднаш им испратив пораки на Алонсо, Албиол и Рамос (хаха). „Спарс“ го елиминираа Милан, незгоден тим се, ќе биде многу тешко на реваншот. Но фаворити сме, ако играме добро ќе успееме.

П. Дали ве изненади успехот на Тотенхем ?
А.А. Па не, и додека бев во Англија, тие почнаа да купуваат талентирани играчи и да го засилат тимот. Имаат многу брзи крила во Ленон и Бејл, тоа е нивното најопасно оружје, а тука се и Модриќ и Ван дер Варт... и Крауч секако.

П. Хари Реднап еднаш изјави дека мора да најде место за Модриќ во тимот, но и дека се плаши дека тој нема да успее во Ангилја. Навистина ли е тешко да се игра таму ?
А.А. Тешко е, особено психички. Многу е поразлично од другите лиги, климата е малку чудна, фановите прават подобра атмосфера отколку во Шпанија, дури и на Меси би му било тешко да се навикне (хахаха).

П. Останавте во добро сеќавање на навивачите на Ливерпул, задоволни ли сте од вашиот престој на островот ?
А.А. Секако дека сум, Англија ми помогна многу во тоа да созреам како играч. Исто, благодарен сум им и на фановите за поддршката, можеби добивам и повеќе од заслужена поддршка, на исто ниво кај фановите сум како со Чаби, но тој многу повеќе заслужи.

П. Кое животно повеќе го сакате, лавот или тигарот ?
А.А. Лавот, тој е кралот на животните.

П. Каков е животот во Мадрид, што правите во слободно време.
А.А. Па поразличен е од Англија, тука повеќе време е сончево. Кога немам обврски сакам времето да го поминам со пријателите, да одам на кино, да слушам музика, како секој нормален човек.

Реднап: Подготовката за Реал Мадрид е кошмарна!

Хари Реднап, менаџерот на Тотехем, во интервјуто за Скај Спортс ја изнесе својата загриженост за одбранбената линија во неговиот тим.

„-Почнавме со шест а останавме со само двајца стопери“ - изјави Реднап. „- Сега во тимот на стоепрските места ги имам само Доусон и Басонг. Ги загубивме Кинг, Кабул и Вудгејт, а неизвесен е и Галас, кој треба да оди на медицински прегледи.“

За ѕвездата на тимот, Герет Бејл, Реднап изјави: „Герет изгледа добро, пристигна овде, не тренираше со нас, но работеше со фитнес тренерот. Тешко дека ќе биде спремен за двата натпревари кои ни следуваат, но сеуште ништо не е готово, за тоа ќе решам во петок.“

Статистиките сезонава: Алонсо најупорен, Карваљо најпрецизен!

Ако кажеме дека Алонсо е оној кој најмногу додава тогаш не е ништо чудно, но интересен податок сезонава е „прецизноста“ на Рикардо Карваљо. Имено, Алонсо има најмногу успешни додавања, 1525, потоа следуваат Рамос (1339), Марсело (1311), Озил (1110), и Карваљо (1052). Најпрецизен во тоа е токму Карваљо со 89,8% успешност во додавањето, пред Алонсо со 86,5% и Рамос со 86,4.

Од друга страна пак, статистиката вели дека  Анхел Ди Мариа е најнепрецизниот со 68,9%, пред Роналдо (71,4) и Марсело (77,2). Исто така Ди Мариа е и оној кој губи најмногу топки, и тоа просек по 13 на натпревар, а блиску до него е и Роналдо со просек од 11 изгубени топки. За разлика од нив, топката е најсигурна кај Озил и Игуаин.

Но Ди Мариа без оглед на горенаведената статистика, е најдобриот асистент во тимот во ЛаЛига со 11 асистенции, пред Озил со 10 и Роналдо со 7 асистенции.

Реал Мадрид - поим и значење

Во многу учебници, воведните страници го објаснуваат поимот за материјата која се учи. Но тука, не треба многу да се зборува за тоа што значи Реал Мадрид во светот на фудбалот. Несомнено, еден од најдобрите клубови во светот, прогласен за најдобар на минатиот век, најтрофеен во својата земја, и во Лигата на Шампионите, клуб во кој играле најдобрите светски играчи.

Да не должам многу, сите знаеме што е Реал Мадрид и колку е голем, особено фановите на Los Blancos. Се надевам дека овој блог ќе ви биде од корист. Поздрав!